| |

Бугарскиот филм „Свадба“ беше претставен во Европскиот парламент

Бугарскиот филм „Свадба“ беше претставен во Европскиот парламент во Брисел по иницијатива на европратеникот од ГЕРБ – ЕНП Андреј Ковачев, јавува БНР.

Продуцент и режисер на филмот е Магдалена Ралчева, а сценарист е Јури Дачев.

„Свадба“ е бугарска драма од 2024 година, заснована врз истоимениот расказ на Николај Хајтов. Бугарската премиера на филмот беше на 8 мај 2024 г.

Филмот е награден со повеќе од 10 меѓународни награди од кинофестивали, меѓу кои и од филмски форуми во Романија, Турција, Грција, Германија, Индија и Берлин.

Вчера филмот беше претставен и во Лион.

Слични Објави