Бугарски и полски фирми од сферата на одбраната ќе се сретнат во Велико Трново
Бугарски и полски фирми од одбранбената индустрија ќе се сретнат денеска во Велико Трново на конференција на тема „Консолидација на европската одбранбена индустрија – можности и предизвици“. Конференцијата ќе се одржи под патронатот на бугарскиот заменик-премиер Томислав Дончев и со учество на полскиот амбасадор во Бугарија Мачеј Шимански.
Настанот е во рамките на полското претседателство со Советот на Европската унија, пренесува кореспондентката на БНР Здравка Масљанкова.
Фирмите и институциите од одбранбениот сектор ќе бараат иновативни решенија и технологии за одбранбената индустрија во услови на влошената безбедносна ситуација предизвикана од руската агресија против Украина, наведуваат организаторите од амбасадата на Полска во Бугарија.
