|

АРМ со тактичко-технички вежби на охридската плажа „Бафало бич“ од 9 до 11 јуни

Од 9 до 11 јуни 2025 година, во периодот од 10:00 до 16:00 часот, Армијата на Република Северна Македонија ќе спроведе планирани тактичко-технички активности на плажата „Бафало бич“ во Охрид. Активностите ќе се одвиваат во непосредна близина на Езерската полиција.

Во рамките на вежбите, припадниците на Баталјонот за специјални сили ќе изведуваат операции во водите на Охридското Езеро, користејќи звучни ефекти и специјализирана опрема.

За безбедноста на граѓаните и учесниците ќе се грижат припадници на Полициската станица Охрид и единицата за граничен надзор „Охридско Езеро“.

Секторот за внатрешни работи Охрид апелира до сите посетители и локални жители да ги следат упатствата и насоките на надлежните служби за време на активностите, со цел безбедно и непречено одвивање на настанот.



Слични Објави