Ваjц: Договорот со ЕУ е јасен, РС Македонија ќе ги почне суштинските преговори откако ќе ги направи уставните измени
Уставните измени се клучен услов за започнување на реалните преговори за членство на Северна Македонија во Европската унија. Ова го изјави европратеникот Томас Вајц, кој е автор на извештајот на Европскиот парламент за земјата, пренесува БГНЕС.
„Извештајот ја покажува поддршката на мнозинството во Европскиот парламент за европската интеграција на Северна Македонија. Во него нема никаква основа да не се спроведат уставните измени. Тоа е договорот потпишан меѓу Северна Македонија и Европската унија“, нагласи Вајц.
Тој појасни дека забелешките на бугарските европратеници при изготвувањето на извештајот и отстранувањето на формулацијата „македонски јазик и идентитет“ не треба да бидат искористени како изговор за блокирање на процесот од страна на Скопје.
„Се надевам дека Владата на Северна Македонија ќе ги исполни неопходните услови“, додаде Вајц.
Тој посочи дека бил изложен на напади и клеветничка кампања, а неговиот телефонски број протекол на Телеграм групи од крајната десница, од каде што добивал закани.
