Ковачев: Нашиот спор со РС Македонија е за човекови права

//

„Бугарија има европска позиција во однос на спорот со РС Македонија. Ние ги браниме човековите права и се бориме против говорот на омраза“, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев пред бугарската информативна агенција БГНЕС.

Тој подвлекува дека тврдењата на македонската страна дека позицијата на Бугарија не се поклопува со европските вредности се невистините.

Ковачев тврди дека меѓу Бугарија и РС Македонија нема културно-историски спор, туку постои проблем со човековите права.

„Има луѓе, кои отворено ја истакнуваат својата бугарска историска припадност и потекло“, вели бугарскиот европратеник и додава:



„Македонските граѓани, кои добиле бугарско државјанство врз онов на потекло, не сакаат тоа да стане познато за јавноста, затоа што ќе бидат навредувани и ќе бидат дискриминирани на нивното работно место. Тоа е апсолутно недопустливо. Во РС Македонија нема ниту еден Бугарин на висока државна функција или во медиумите. Тоа повторно покажува дека во РС Македонија е опасно да го објавиш своето бугарско потекло“.

Ковачев ја осуди промената на гробните обележја, споредувајќи ја со престапните активности на тоталитарните режими на Хитлер и Сталин.

Во однос на средбата во Словенија, бугарскиот европратеник изјави дека не очекува големи позитивни резултати за европската перспектива за земјите од Западен Балкан. Ковачев изрази жалење во однос на изјавата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за тоа дека Бугарија ја запира европската интеграција на земјите од Западен Балкан, а во истото време Атина не го признава независно Косово.

Претходна статија

КЦ „Иван Михајлов“- Битола со отворено писмо до дипломатскиот кор и претседателот на Бугарија: Луѓето со бугарско национално чувство се сатанизираат и се прогласуваат за државни непријатели

Следна статија

РС Македонија: ЕУ нè лаже, ние сме совршени! Софија: Дела, а не омраза (2)

Најново од Вести