Иван Каранџулов: Има ли поголем, попосебен интерес за Бугаринот да си остане пак Бугарин, макар и во друга држава?
“Дали Бугарија има посебен интерес во прашањето за правата на малцинствата? Се сеќаваме, тоа беше не одамна, кога почитуваниот претседател на Народното собрание во својот говор во градот Попово рече дека македонското прашање е државно, прашање на бугарската држава. Ние – Македонците – не сме негирале дека бугарската држава има голем, посебен интерес во македонското прашање и, следствено, има должност, голема должност, посебна должност да се грижи за правата на бугарските малцинства. Бугарските малцинства, особено во Македонија под Србија и под Грција, се најнесреќни меѓу сите други малцинства. Германските, унгарските малцинства во Полска, Чехословачка и дури во Србија имаат еден минимум етнички права, но нашите Бугари во Македонија немаат никакви права. Уште пострашно, таму се негира бугарското потекло. Ѕверско насилство се врши врз нив, за да се откажат дека се Бугари. Има ли поголем, попосебен интерес за Бугаринот да си остане пак Бугарин, макар и во друга држава? Ете таков е големиот, посебен интерес на бугарската влада.”
Иван Каранџулов (1856 Прилеп-1930-Софија) е познат бугарски општественик, правник, главен обвинител на Врховниот касационен суд на Бугарија, долгогодишен претседател на Националниот комитет на Сојузот на македонските братства и ВМОК и ВМРО.
Извор: Струмски
