АКО ЗАТРЕБА ТАЛАТ ЌЕ ИМ ГО ПРЕКИНЕ ОДМОРОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ПОРАДИ СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не сака да коментира шпекулации околу евентуалната вмешаност на пратеници во случајот „Рекет“ кој го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, јавува Плусинфо.
Сепак, тој вели и да дојде до такво нешто и да има барање за одземање на имунитет, тоа што пратениците ќе бидат на одмор во август не значи дека нема да се состанат да расправаат за тоа.
