| |

БРНС ДО ЏАФЕРИ: РЕШЕНИЕ ЗА СЈО ДО СЕПТЕМВРИ И ЈАСЕН ЕПИЛОГ НА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“

Амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнс на денешната средба со претседателот на Собранието Талат Џафери прашала дали има шанса Законот за јавно обвинителство, со кој се регулира статусот на СЈО, да се изгласа до 15 септември, соопшти собранискиот спикер. 

„Амбасадорката праша дали може до 15 септември да помине Законот. Јас кажав, не до 15, туку до крајот на август може да помине. Ако денеска го добијам предлог-законот може на 29 или 30 јули да помине во прво читање. Од 26 до 30 август може да оди во второ читање. Процедурата е лесна, но ако законот не е усогласен од политичките субјекти, тогаш постапката може да трае и со месеци“, изјави Џафери на брифингот со новинарите.


Амбасадорката Брнс на средбата со Џафери повторно истакнала дека истрагата за случајот „Рекет“ мора да има јасен епилог, јавува VOA на македонски јазик.



Слични Објави