| |

Трамп: САД нема да прават бизнис со Русија додека трае војната во Украина

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп изјави дека Вашингтон нема да воспоставува бизнис односи со Русија сè додека не заврши војната во Украина, јавува БНР.

„Се разбираме, постои добро ниво на почитување од двете страни. Забележав дека тој (рускиот претседател Владимир Путин) доведе многу бизнисмени од Русија и тоа е добро, ми се допаѓа, затоа што тие сакаат да прават бизнис. Но, тие нема да прават бизнис додека не го решиме прашањето со војната“, изјави Трамп пред новинарите на бордот на Air Force One, додека патуваше кон Анкориџ, Алјаска, за претстојната средба со рускиот претседател.

Трамп додаде дека ќе ѝ даде право на Украина самата да одлучи дали ќе прифати територијална размена со Русија.

Слични Објави