| |

Седум дена без трага од бугарскиот нуркач во Охридското Езеро

Веќе седум дена трае потрагата по 52-годишниот Илија Танчев од Пловдив, кој исчезна при нуркање во Охридското Езеро. Тој нуркал заедно со пријател – локален жител, кој го пријавил случајот откако Танчев не излегол на површина.

Неофицијално, OhridPress дознава дека бил направен обид телото да се лоцира со сонар, но без успех. Според експерти, најверојатно ќе биде потребен специјален side-scan sonar за пронаоѓање објекти на дното.

Од СВР Охрид информираат дека на 9 август 2025 година, во 13:15 часот, било пријавено исчезнувањето на 52-годишниот И.Т. од Бугарија, кој нуркал на длабочина од 89 метри во водите на езерото, над селото Трпејца.

„Мерките за негово пронаоѓање ги спроведуваа тимови од Езерската полиција, Црвен крст со нуркачи од нуркачкиот клуб ‘Амфора’“, наведуваат од СВР Охрид.



Слични Објави