Желјазков: „Гаранциите за безбедност за Украина мора да вклучуваат одржлива поддршка од ЕУ и САД“
На денешната видеоконференциска врска на „Коалицијата на подготвените“ беа разгледани резултатите од преговорите за Украина што синоќа се одржаа во Вашингтон. За ова информираше бугарскиот премиер Росен Желјазков преку објава на социјалната мрежа Х.
„Сите канали за поддршка на Украина, кои досега сме ги воспоставиле, треба да продолжат да се применуваат на координиран начин како клучен елемент од гаранциите за безбедност“, истакна премиерот.
Тој додаде дека гаранциите за безбедност мора да опфаќаат трајна и долгорочна поддршка од Европската унија и од САД. „Го поздравуваме ангажманот на американскиот претседател Доналд Трамп“, нагласи Желјазков.
На видеоконференциската средба учествуваа лидери на држави кои ја поддржуваат Украина, меѓу кои францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Киер Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони и други. Во дискусиите се вклучија и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
