Претседателот Радев во работна посета на Германија
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, на 27 и 28 август ќе престојува во работна посета на Сојузна Република Германија, соопштија од неговиот Кабинет.
Во Берлин, Радев ќе се сретне со својот колега, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.
По покана на извршниот директор на најголемиот одбранбен концерн во Европа „Рајнметал“, Армин Папергер, бугарскиот шеф на државата ќе присуствува на официјалната церемонија за отворање на високотехнолошки завод во градот Унтерлус, во сојузната покраина Долна Саксонија.
Визитата претставува продолжение на средбата меѓу Радев и Папергер на Минхенската конференција за безбедност во февруари годинава, кога беа дефинирани конкретни области за инвестициона и индустриска соработка со бугарската одбранбена индустрија и науката. Како резултат на тоа, во март Папергер ја посети Бугарија по покана на Радев и во претседателската институција имаше средби со водечки претставници на одбранбената индустрија и извршната власт.
Во јули, пак, министерот за економија и индустрија, Петар Дилов, ја претстави концепцијата за создавање заедничко претпријатие меѓу ВМЗ Сопот и „Рајнметал“.

