|

Муцунски во Брисел, ќе се сретне со еврокомесарката Кос

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, е во работна посета на Брисел, каде што оствари средба со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Јан Копман. На средбата биле разменети мислења за спроведувањето на реформската агенда, посветеноста на владата да испорачува видливи резултати и за планот за раст.

„Владата во изминатата година демонстрираше сериозна посветеност во исполнувањето на обврските од реформската агенда, постигнувајќи значителен напредок во владеењето на правото и борбата против корупцијата и дигитализацијата,“ нагласи Муцунски, соопштија од МНР.

Шефот на дипломатијата уште еднаш ја потврдил „цврстата посветеност на Северна Македонија кон процесот на европска интеграција, како еден од стратешките приоритети во надворешната политика“.

Во рамките на посетата, Муцунски ќе се сретне и со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.



Слични Објави