|

ЦУК: Пет пожари на отворен простор, четири под контрола и еден изгаснат

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на ден 29 август 2025 година, до 12:00 часот, на територијата на Република Северна Македонија регистрирани се вкупно пет пожари на отворен простор.

Според соопштението на ЦУК, во моментов нема активни пожари. Четири од нив се под контрола, а еден е целосно изгаснат.

Под контрола се следните пожари:

  • во Општина Македонски Брод, на повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума),
  • во Општина Гевгелија, на планината Кожуф (приземен пожар),
  • во Општина Желино, кај селото Мерово (мешана шума),
  • во Општина Желино, кај селото Церово (ниска вегетација и мешана шума).

Изгаснат е пожарот кај селото Страгово, Општина Кавадарци, каде што беше зафатена сува трева.

Од ЦУК посочуваат дека службите и понатаму внимателно ја следат состојбата на терен за да спречат повторно активирање на пожарите.

Слични Објави