Бугарскиот премиер Желјазков ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет Кошта
Бугарскиот премиер Росен Желјазков денеска ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој пристигнува во официјална посета на Софија, јавува БГНЕС.
Визитата на Кошта претставува дел од неговата обиколка низ главните градови на земјите членки на Европската унија, со цел да разменува и да прибере ставови од државните и владините лидери во врска со актуелните прашања на Унијата, подготовките за претстојните состаноци на Европскиот совет и меѓународните самити, како и да се запознае со националните приоритети во рамките на Мултигодишната финансиска рамка.
На разговорот меѓу Желјазков и Кошта ќе бидат разгледани клучните политички приоритети на Европската унија и можностите за понатамошно зајакнување на соработката во рамките на Сојузот. По средбата, бугарскиот премиер и претседателот на Европскиот совет ќе одржат заеднички брифинг за медиумите.

