| |

Историјата на уништената плоча на Тодор Александров во градот Штип

Куќата на Тодор Александров во Ново село, Штипско, била запалена по повторното доаѓање на Србите во Македонија, кои ја наметнувале својата антибугарска политика врз населението и се обидувале да го посрбат со тоа што го искоренувале бугарското од него, пишува во авторски материјал БГНЕС.

На местото каде што била неговата куќа, мештаните подигнале негова спомен-плоча. По поразот на Бугарија во Втората светска војна и повторното завладување на Македонија, новата власт предводена од Белград наредила плочата да биде уништена. За Србите Тодор Александров останал вечен непријател, кој им предизвикувал многу тешкотии во нивните постојани обиди да го наметнат своето влијание и власт во бугарска Македонија – нешто што го гледаме и денес. Кога Македонија станува дел од Југославија во 1945 година, по којзнае кој пат бугарскиот јазик бил забранет, а правото на бугарско самоопределување повторно станало злосторство. Следеле тешки години за македонските Бугари, кои минале низ македонската Крвава Коледа – еден од првите чекори кон геноцидот над населението таму, проследено со насилното наметнување на македонизмот.

По раскажувања на мештаните, по наредбата за уништување на плочата на големиот водач на ВМРО, локалните Бугари извршиле експлозија во која ја оставиле плочата неповредена за да ги измамат властите, а потоа ја закопале во земја. По почетокот на распадот на Југославија и одржувањето на референдумот за независност во Македонија, плочата повторно била ископана и поставена на своето место од локални родољубиви Бугари. Како што се гледа на фотографијата, плочата е напишана на стариот бугарски правопис – јазикот на којшто пишувале, зборувале и се самоопределувале луѓето таму – бугарски.

Денес е тешко плочата да се најде. До неа сепак води патека, минувајќи низ различни дворови на мештани во близина на местото каде што била куќата на другиот голем водач на ВМРО, Иван Михајлов. Местните жители, кога ќе бидат прашани каде била куќата на комитата, помагаат во нејзиното наоѓање.

Тодор Александров Попрушев е роден во Ново село (денешна населба на град Штип, Република Северна Македонија) на 4 март 1881 година. Влегол во редовите на ВМОРО привлечен од идеологот на Организацијата Христо Матов. Активно учествувал во обновата на ВМОРО по Младотурската револуција во 1908 година. Во 1911 година бил избран за член на Централниот комитет на ВМОРО. Активно учествувал во војните за национално обединување во 1912–1913 година. За време на Првата светска војна, Тодор Александров и дејците на Организацијата активно се вклучиле во бугарската војска како дел од 11-та пешадиска македонска дивизија.

По крахот и поразот во војната, Александров бил меѓу главните дејци при обновувањето на ВМРО. По ПСВ, непријателите на бугарштината во Македонија станале главно Србите и Грците, кои го наметнале „новото пострашно ропство“ во распарчениот предел на Бугарија. Александров, покрај зацврстувањето на Организацијата, обновата на нејзиниот авторитет и безбедност, успеал да создаде „држава во државата“ во слободниот крај на Македонија (Пиринскиот). Меѓународните контакти на ВМРО придонеле на Запад темата за правата на Бугарите во Македонија и каузата на ВМРО да станат главна тема во средствата за масовна комуникација. На 31 август, ВМРО го губи својот водач и војвода Тодор Александров во месноста Равна бука, Пирин планина. По неговата смрт, Енциклопедија „Британика“ го опишала како: „Некрунисаниот цар на македонските Бугари.“

Историјата со плочата на Тодор Александров ја покажува тажната вистина за судбината на македонските Бугари. Од наредбата за нејзиното разнесување и забраната на личности како Тодор Александров во Македонија, мештаните покажуваат дека останала енергија за борба за вистината и борба за тоа зората на слободата повторно да изгрее во Македонија.

До ден денес неговата личност е предмет на спорови меѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Историјата секогаш била на страната на Бугарија во спорот меѓу нас и нашата југозападна соседка. Негови споменици и плочи денес може да се видат на многу места и во двете држави. Споменот за големиот водач и лидер на ВМРО, Тодор Александров, останува жив и во Бугарија и во Македонија денес.

Слични Објави