Запрjaнов: Користењето на дронови во туѓо воздушно пространство е грубо прекршување на меѓународното право
Министерот за одбрана на Бугарија, Атанас Запрjaнов, изјави дека употребата на дронови во воздушниот простор на друга држава претставува сериозно нарушување на меѓународното право.
„Се разбира дека тоа претставува прекршување на меѓународното право и повреда на суверенитетот на воздушниот простор на секоја држава, особено ако станува збор за воздушното пространство на Алијансата. Ова не е директен напад врз цели на територијата на Полска. Доколку имаше таков напад, тоа ќе значеше активирање на член 5 и реална ескалација на состојбата со цел задејствување на колективната одбрана“, нагласи Запрјанов.
Тој потсети дека НАТО има донесено одлука беспилотните летала кои навлегуваат во воздушниот простор на Алијансата да бидат соборувани со воена сила.
Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Бугарија изрази целосна солидарност со сојузничка Полска.

