| |

НАТО СО СПЕЦИЈАЛНИ ТИМОВИ ЌЕ ГИ БОРИ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ОД РУСИЈА И КИНА ВО МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА

НАТО формира тимови за борба со хибридни закани во Македонија и Црна Гора, откако лажните вести и дезинформации на Русија и Кина зедоа голем замав со кризата на пандемијата од коронавирус во западен Балкан, изјави амбасадорката на САД во алијансата, Кеј Бејли Хачинсон.

„Основна цел на тимот во Македонија ќе биде подготовка на медиумите во земјата како да ги одвратат кампањите на дезинформација од Русија“, изјави таа на видео брифингот за новинарите во Вашингтон, потенцирајќи дека тимот во Црна Гора е веќе распореден.

Според амбасадорката Хачинсон дезинформациите од Русија се случуваат одамна, уште кога  Македонија побарала да стане членка на НАТО и продолжиле кога приемот на земјата во Алијансата стана реалност.



Слични Објави