БОСАНЕЦ ОД САД СЕ ИЗЛЕЧИ ОД КОРОНА СО НОВ МЕТОД ПО ДЕСЕТ ДЕНА ПОМИНАТИ ВО КОМА

//

Енес Дедиќ, Босанец кој живее во Феникс, САД, е првиот кој во американската држава Аризона и еден од првите во светот што оздраве од коронавирус по лекувањето со ЕЦМО-третман. Бил во тешка состојба и на распиратор откако во САД се вратил од Босна и Херцеговина.

Прегледите и тетсовите покажале дека Енес е позитивен на коронавирус. Состојбата уште повеќе му се влошила, па бил префрлен на респиратор. Но влошувањето продолжило, па бил пренесен во болницата „Џон Линколн“, каде што лекарите примениле целосно друг метод на лекување.

„ЕЦМО е прилично ретка услуга. Кога не преостанува ништо друго, го правиме тоа во обид да се спаси пациентот“, вели лекарот Роберт Рајли.



Имено, ЕЦМО-машината отстранува крв од телото и уфрлува кислород, а потоа го враќа за да им се помогне на белите дробови и на срцето.

Енес се разбудил по десет дена поминати во кома. Од понеделникот дишел самостојно и официјално сега е нагативен на коронавирусот, пренесуваат балкански медиуми.



Претходна статија

ОД 26 АПРИЛ ЕУ ЌЕ МОЖЕ ДА ИЗВЕЗУВА ЗАШТИТНИ МАСКИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН

Следна статија

НАТО СО СПЕЦИЈАЛНИ ТИМОВИ ЌЕ ГИ БОРИ ЛАЖНИТЕ ВЕСТИ ОД РУСИЈА И КИНА ВО МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА

Најново од Вести