ОД 26 АПРИЛ ЕУ ЌЕ МОЖЕ ДА ИЗВЕЗУВА ЗАШТИТНИ МАСКИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН
Европската Комисија соопшти дека е донесена одлука рестрикциите за извоз на заштитни маски да не важат повеќе за земјите од Западен Балкан од 26 април, јавува дописничката на МИА од Брисел.
На барање на властите од шесте земји од регионот, Европската Комисија ја ревидираше одлуката забраните да не важат повеќе за западниот Балкан.
Сегашната регулатива истекува на 25 април, од следниот ден западниот Балкан ќе може да увезува заштитни маски без претходни дозволи, што би требало значајно да ги забрза процедурите, но испраќа и политички сигнал до регионот.