Унгарија и Словачка го кочат новиот пакет санкции против Русија
Унгарија и Словачка ги блокираат напорите на Европската комисија за намалување на зависноста од руските енергетски ресурси, пишува „Политико“, пренесува БНР. Според извори на изданието, тоа е една од најверојатните причини за одложувањето на 19-тиот пакет санкции против Русија.
Новиот пакет требаше да биде објавен вчера, но Комисијата им соопштила на амбасадорите на земјите членки дека треба да го очекуваат утре или во понеделник. Двајца дипломати изјавиле дека сепак постои надеж мерките да бидат претставени и порано, односно денес.
