Поминаа 14 години од потонувањето на бродот „Илинден“
Поминаа 14 години од потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро на 5 септември 2009 година, јавува БГНЕС.
За време на инцидентот во РС Македонија се удавија 15 бугарски туристи. Бродот превезувал над 50 бугарски туристи до манастирот „Свети Наум“ и потонал на 200 метри од брегот.
Две недели по трагичната несреќа, бродот „Илинден“ е изваден на површина. Екипите на хрватската компанија „Дубина“ два часа ја црпеа водата од него.
На 5 јули 2011 година, Основниот суд во Охрид ги прогласи за виновни двајцата обвинети капетанот на бродот Сотир Филевски и хрватскиот државјанин Бранко Баиќ, кој го дал уверението за пловидба на бродот. Тие беа осудени на по една година затвор.
Судот пресуди дека Филевски не се придржувал до прописите за превоз и непромислено сметал дека нема опасност со преземањето на 50 бугарски туристи на бродот. Баиќ беше осуден и за непочитување на законот за превоз.
На почетокот на април 2012 година, Апелациониот суд во Битола ги потврди пресудите на двајцата обвинети.