Разговор за комунизмот и трауматското искуство во БАН
Во рамките на научниот проект „Разговори за литературата и полуостровот“ ќе се одржи средба на тема „Меморијата за комунизмот и трауматското искуство“. Настанот е закажан за 23 септември во 15:30 часот во Институтот за балканистика со Центар за тракологија „Проф. Александар Фол“ при БАН, јавува БНР.
Разговорот ќе го модерира Људмила Миндова, а учесници се проф. д-р Лилија Топузова и д-р Валентин Калинов. Како почетна точка за дискусија ќе послужи мултимедијалната и интерактивна инсталација „Соседите“, која се занимава со темата за политичкото насилство и репресиите за време на комунистичкиот режим, како и со нивното проблематично наследство во сегашноста.
Проф. д-р Лилија Топузова е една од најуспешните бугарски истражувачки во странство. Таа предава историја на Универзитетот во Торонто, а воедно е и режисерка и продуцентка на филмови. Нејзината работа е насочена кон пресекот помеѓу историјата и колективната меморија, особено поврзана со политичкото насилство во периодот 1945–1990, молкот и трауматските искуства од минатото.
Д-р Валентин Калинов е главен асистент на катедрата за Филозофија при Универзитетот „Паисиј Хилендарски“ во Пловдив. Тој е филозоф и клинички психолог, како и преведувач на филозофска и хуманитарна литература.
