| |

Митов: Бугарија ја поддржува европската интеграција на Косово

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Даниел Митов, се сретна со амбасадорот на Република Косово во Софија, Н. Е. Хаџи Бајрактари. На средбата беа разгледани можностите за продлабочување на билатералната соработка во областа на внатрешните работи, јавува бугарското МВР.

Министерот Митов ја изрази поддршката на Бугарија за интеграцијата на Косово во Европската Унија и истакна подготвеност за споделување на искуства во сите области од заеднички интерес. Посебен акцент стави на обуката на полициски службеници и можностите што Академијата на МВР може да ги понуди во оваа насока.

Амбасадорот Бајрактари се заблагодари за понудената поддршка и ја оцени Бугарија како пријател и сојузник на кој Косово смета во процесот на европска интеграција. Тој го изрази интересот на неговата земја за потпишување договор за заемно признавање на возачки дозволи, што беше позитивно прифатено од страна на министерот Митов.

На крајот од средбата, двете страни се согласија да продолжат со отворен и конструктивен дијалог во интерес на граѓаните на двете држави.

Слични Објави