| |

ЕУ и Украина дискутираат за „ѕид против дронови“ поради руските провокации

Европската Унија и Украина ги започнаа разговорите за изградба на т.н. „ѕид против дронови“ во контекст на последните провокации од страна на Русија, пренесува „Гардијан“, јавува БГНЕС.

Прашањето станува сè поитно поради неодамнешните руски навлегувања со дронови во Естонија, Полска и Романија, како и серијата досега неидентификувани дронови забележани над територијата на Данска.

Во дискусиите учествуваат Бугарија, Данска, Естонија, Финска, Латвија, Литванија, Полска, Романија, Словачка и Украина. Разговорите се водат под раководство на европскиот комесар за одбрана Андриус Кубилиус, а НАТО е исто така вклучена „на техничко ниво“.

Иницијативата има за цел зајакнување на безбедноста на источниот крилен на Европа и спречување на идни нарушувања на воздушниот простор од беспилотни летала.

Слични Објави