Нови простории за бугарскиот Генерален конзулат во Чикаго
Генералниот конзулат на Бугарија во Чикаго ќе се пресели во нов, поголем простор на престижната адреса 737 N Michigan Avenue. Генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков со потпишувањето на договорот за новите простории, најави подобри услови за работа и поквалитетни услуги за граѓаните.
Според најавата, новиот канцелариски простор ќе обезбеди двапати поголема приемна сала, три шалтери за конзуларни услуги – меѓу кои и посебен за визи и државјанство – како и сала за културни и протоколарни настани. Таа ќе служи и како културен дом на Бугарија во срцето на Чикаго.
„Со овој чекор обезбедуваме поудобно обслужување и создававаме нов простор за средби, култура и бугарски дух во градот“, вели генералниот конзул Станков.
Тој изрази благодарност за реализацијата на проектот до бугарското Министерство за надворешни работи, компанијата CBRE, како и Office of Foreign Missions – OFM U.S. Department of State.
