Ќе ни простат ли Светите браќа Кирил и Методиј
Пишува: Христо Михајлов
За разлика от митолошките светци, Кирил и Методиј го имаат завземено местото на реални историски ликови во сознанието на бугарскиот народ. Патем дарувајќи го со својата азбука, му направија вечен дар, благодарение на кој народот ги надминал сите опасности од вистинското грчко политичко и духовно ропство. Делото на Светите браќа Кирил и Методиј го обедини конечно бугарскиот народ от сите краишта, населени со Бугари. На 24 мај се чествува големото дело на браќата од Солун! Она кое ни прави особен впечаток и ги издига Кирила и Методија високо во нашето сознание е тоа, што држеле сметка за особеностите и карактерот на славјанскиот јазик, дека ги познавале сите детали на тој јазик, пројавувајќи не само разбирање, но и вкус за неговите форми. Всушност, тоа е јазикот на солунските славјани, на славјаните во Јужна Македонија, јазикот на бугарските славјани. Јазик на една единствена област, кон тогашната и денешната бугарска дијалектна група. Неопходно ли е да се каже, дека бугарскиот карактер на тој јазик неспорно е утврден во славистиката, тоа се белезите на она бугарско наречие кое се говорело во Солунско и воопшто во Јужна Македонија . Не се еден или двајца славистите, кои го дале своето определување на суштината на бугарскиот јазик, на јужномакедонскиот говор от 9-10 век. Како би требало да се нарекува тој јазик? Единственото правилно именувањето би било СТАРОБУГАРСКИ… никако староцрковнославјански.
Секако дека се подразбира дека тоа не е јзикот на Аспаруховите бугари, ами јазикот на сите оние славјани, кои што тогаш ја населувале бугарската држава. Важното е дека станува збор за определбата на бугарската припадност на тој јазик. Сето тоа се признава и от страна на сите авторитите по славјанска филологија. От речиси близу 200 години па наваму, ние Бугарите сме имале само еден единствен вистински национален празник – денот на апостолите на славјанската писменост прераснувајќи постепено во празник на бугарската просвета и култура, на националната Преродба и на нашиот подем.
Кнезот Борис Први освен со воведувањето на христијанството е познат и со своето решение да го воведе славјанскиот јазик и како официјален државен јазик. Тоа било направено со цел да не се допушти византиската асимилација на Бугарите. Сѐ дотогаш, уште од времето на хан Кубрат, официјалниот јазик на бугарската држава бил грчкиот. Главните центри, каде што се водела обуката по новиот официјален јазик биле Плиска, Преслав и Охрид, затоа што токму таму живееле Бугарите, кои што имале потреба од таквата нова азбука. Сосема е друго прашањето, што граматиката на новиот јазик не била оформена и Бугарите си ја користеле својата граматика, како и многуте зборови, сочувани и до ден денешен, во актуелните современи држави Бугарија и Македонија. Кнезот Борис Први ја направил подоцна, возможна мисијата на учениците на двајцата солунски браќа во самата Бугарија. Неговото решение било возможно најдипломатско во тогашниот момент. Тоа се запазило и понатаму и постепено от официјален и книжовен славјанскиот јазик, но со бугарска граматика, станал говорен јазик на целиот народ од Днестр и Црно море до Охрид. Тој јазик бил нарекуван славјанобугарски, а најпосле просто бугарски. И така обединувањето на аспархувоите и куберовите бугари во една држава, довело до формирањето на хомогената народностна група со општа историја и култура, религија и јазик, на базата на којашто покасно се раѓа бугарската нација. Во далечниот 9 век, во 863 година, со славјанска азбука, со црковни книги за славјанско богослужение тргнуваат двјацата свети мажи за Великоморавија. Кирил и Методиј одат како византиски пратеници, а ја исполнуваат својата мисија како вистински славјани. Со детално разбирање на славјанскиот јазик како мајчин, Кирил создава современа буквена системна азбука, наречена глаголица, а глаголати на старобугарски јазик значи говорам, т.е. азбука на говорлив јазик. Дотогаш, цела Европа, а и неколку столетија потоа, се служи со грчкиот и латинскиот јазик. Подоцна за правото да создава култура на роден јазик ќе изгори на кладата Јан Хус, Џефри Хосер ќе напише стихови на англиски, Мартин Лутер ке ја преведе бибилијата на германски,а Франсоа Вијон ќе го исправи патот кон говорливиот француски јазик во официјалната литература, завршувајчи на бесилка!
Славјанското дело како такво е моќен пробив во Средновековието, но тоа не успева во срцето на Европа. Во 869 година во Рим умира Кирил а во 885 г Методиј, по тешката борба со силите на догматизмот. Бугарија веќе е христијанизирана.Како директен резултат на единството меѓу Бугари и славјани се создал еден општ јазик, карактеризирјаки ја новообразуваната народност и утврдувајќи ја како бугарска. Во новоизградената престолнина Преслав во 893 г светиот кнез Борис Први, на голем државен собор, го поставува на престолот својот просветен син Симеон и го објавува, тој општоговорлив и писмен јазик, за државен. Сѐ создаваат активни книжовни центри во Плиска, Преслав и Охрид, во Дрстр, Средец и Бдин. Климент Охридски е првиот учител на бугарски јазик. На Климент се препишува и неговата заслуга за создавањето на Кирилицата, поупростеното писмо от глаголицата. Се појавува цела плејада от писатели – К Преславски, Черноризец Храбар, Јоан Егзарх, Презвитер Григориј и самиот Симеон. Започнува Златниот век на Бугарија…тргнуваат бугарските книги, украсени со златни и сребрени обковки кон славјанските и неславјанските земји. Во Русија низ десетиот век, во Србија во единаесетиот и дванаесетиот век, а во романските земји се до крајот на шестнаесетиот век, пишуваат со бугарско писмо. Старобугарскиот јазик станува класичен за славјанските народи, исто како и грчкиот и латинскиот јазик. Прабугарите биле военољубиво и државотворно племе. Славјаните пак поседувале големи духовни квалитети, па затоа и нивните родови, далеку на југ од Плиска и Преслав, ги истакнуваат Св. Кирил и Методиј, нивните ученици и учениците на нивните ученици.
По смртта на двајцата браќа кон крајот на 9. век делото им е спасено от тотално уништување и запазено за славјаните во самата Бугарија от кнез Борис Први, кој што пак от своја страна во 886г, прима и така спасува некои нивни ученици, давајќи им можност да развијат огромна книжовна просветна, учебна и црковна дејност. Тој црковно славјански јазик на Кирил и Методиј, кнез Борис Први го воздига во Бугарија не само како црковен јазик ами го прави и официјален книжовен јазик на тогашната бугарска држава. Баш затоа и целата старобугарска писменост е изградена врз тој црковно славјански јазик. Во Бугарија глаголицата на Кирил и Методи опстојувала кратко време. Потоа се наложила кирилицата – втората славјанска азбука, за која се смета дека е создадена от Климент Охридски, раководител на Охридската книжовна школа и ученик на Кирил и Методиј. Азбуката кирилица е старобугарскиот придонес во развитокот на цивилизацијата.
Во Вардарска Македонија под српска власт се пишува на срски јазик, за веднаш по т.н ослободување во есента 1944 година , да биде насила наложена една осакатена кирилица. Смислено беа исфрлени свештените кирилиски знаци како на пример „двојното е“, а внесен знакот „ј“. Сега и самиот збор Македонија се пишува несоодветно со вековните традиции. Истиот процес беше спроведен со правописната реформа от 1945 година во комунистичка Бугарија…та нели се свиреше от едно место и една иста музика, како од Сталиновата столица и така и од Титовата канцеларија во Белград. Извршени беа неверојатни штети врз живата снага на светиот бугарски јазик. Македонската азбука беше создадена поради чисто политички и национални махинации!
Што остана от Кирило Методиевото дело во денешно Скопје? Просто, една србокомунистичка редакција на свештените Кирило-Методиеви букви, една натрапна правописна норма, која никако не ги отчитува живите закони на јазикот, на кој се говорело цели векови по светото дело на солунските браќа. Култот кон светите браќа во Македонија бил отсекогаш изклучително силен, како и кон нивните ученици Климент и Наум. Мокниот бран на бугарската Преродба, што дојде од македонските предели, беше породен токму от свештената Кирило Методиева традиција!
Денес, иако осакатено, делото на Светите Браќа, ја има целосната почит од македонското општество, почит кон македонобугарските традиции на единствениот народ!
