МИХАЈЛОВИЌ: МАЛ ШЕНГЕН ЗА СЛОБОДЕН БАЛКАН

//

Министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ го поздрави потпишувањето на заедничката Декларација за слободно движење на стоки и граѓани меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија.

„Декларацијата за формирање на мал Шенген, заснована врз основните вредности на Европската унија (ЕУ) за слободата на движење за капитал, стоки, услуги и луѓе, е доказ дека Албанија, Северна Македонија и Србија се неотуѓив дел од обединета Европа, а тоа е целта на сите земји на Западен Балкан“, рече Михајловиќ.

Таа истакна дека „малиот Шенген“ не е замена за членство во ЕУ, ниту е создавање на нова СФРЈ или кратенка за спроведување на националистички проекти на Балканот.

Според неа, главната цел на „Малиот Шенген“ е економија, безбедност и подобар живот на граѓаните, „Слободен Балкан“ во кој луѓето ќе можат да се движат слободно, да работат, да останат во овие области и да решаваат за нивната иднина.

„Декларацијата исто така покажува дека не сакаме да седнеме и да чекаме ЕУ да се реформира за да продолжиме со политиката на проширување, но и дека не сакаме да влеземе во ЕУ како проблем, туку како носители на нови решенија“, рече Михајловиќ.



Таа очекува другите земји од Западен Балкан да се приклучат на иницијативата.

Според соопштението, Михајловиќ е убедена дека на следните состаноци со премиерите на Северна Македонија и Албанија ќе се најдат конкретни предлози за полесен и подобар живот на граѓаните.

„Можностите се неограничени. Ќе имаме единствен пазар каде нема да чекаат стоки и луѓе на границите. Граѓаните ќе патуваат со лична карта, роамингот ќе биде целосно укинат и патарината ќе се плаќа со единствена ознака”, објасни Михајловиќ.

Таа рече дека единствениот пазар на трудот ќе отвори можности за приватна иницијатива и бизнис за изнаоѓање нови начини за поврзување.

Претходна статија

РЕМЕНСКИ НЕ СЕ ЧУВСТВУВА ВИНОВНА ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“, ЗАЕВ ОЧЕКУВА ДА СЕ ДОКАЖЕ НЕЈЗИНАТА НЕВИНОСТ

Следна статија

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА РЕПУБЛИКА АВСТРИЈА

Најново од Вести