Лишени од слобода двајца битолчани за „незаконит лов“, во нивното возило се пронајдени две уловени срни
На 28 септември 2025 година, околу 10:30 часот, на крстосницата за селото Брод, општина Новаци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија лишија од слобода две лица од Битола – С.Ф. (51) и В.Ф. (26).
Како што информира Министерството за внатрешни работи, при преглед на возило „Форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Ф., а во кое сопатник бил В.Ф., биле пронајдени еден карабин и две ловечки пушки со дозволи, како и неколку уловени пајки, за кои имале дозвола за лов.
Меѓутоа, во возилото биле откриени и две уловени срни за кои лицата не поседувале соодветна дозвола.
Приведените се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од МВР.

