|

Почна судскиот процес против поранешната претседателка на Антикорупциска Татјана Димитровска

Почна судскиот процес против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска. Таа е обвинета за оддавање службена тајна – наводно му доставувала податоци од финансиски истраги на еден од обвинетите во случајот „Адитив“. Дополнително, на товар ѝ се става и компјутерски криминал, бидејќи, според обвинението, колега ревизор во нејзино име полагал тест за државна тајна.

Адвокатот на Димитровска во судницата нагласи дека „информациите биле јавни и некласифицирани“, па со тоа не можат да се третираат како службена тајна.

Обвинителството, пак, има спротивен став. „Одбраната има право да има своја теорија, но Обвинителството располага со цврсти докази за да ја докаже вината на обвинетите,“ изјави обвинителот.

Во тек е и техничка анализа на дигиталните податоци од мобилниот телефон на Димитровска. Според надлежните, станува збор за околу 250.000 електронски записи, чие обработување е при крај и можат да бидат клучен доказ во постапката.



Слични Објави