|

Лишени од слобода двајца скопјани поради сомнение дека предизвикале пожар на две товарни и едно патничко возило во Скопје

Во раните утрински часови, на 8 октомври 2025 година, околу 02:20 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг просторот пред Спортскиот центар „Јане Сандански“ во општина Аеродром избувнал пожар во кој биле опожарени три возила.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, во пожарот биле зафатени товарно возило марка „Ивеко“ и товарно возило „Рено“, двете со скопски регистарски ознаки и во сопственост на правно лице од Скопје, како и патничко возило „Опел“ со прилепски регистарски таблички, сопственост на лице од Прилеп.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенирала веднаш и го изгаснала пожарот во 02:50 часот. На местото на настанот бил извршен увид од страна на полициски екипи од Полициската станица Аеродром и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.

По преземените мерки и активности, полицијата ги лишила од слобода Ф.Ц. (23) и И.Ц. (24), двајцата од Скопје, под сомнение дека се поврзани со предизвикувањето на пожарот. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, а случајот се расчистува.



Слични Објави