| |

Од денеска почнуваат мирните собири и блокади во Кочани најавени од родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“

Од денеска почнуваат мирните собири и блокади на кружниот тек кај двојниот мост на улицата „Стево Теодосиевски“ во Кочани, најавени од родителите на загинатите во пожарот во „Пулс“. Блокадите ќе траат по еден час дневно (15:15–16:15), сè до почетокот на судењето.

Причина за протестите е незадоволството од изјавите на адвокатите на осомничените, кои, според родителите, најавуваат долг судски процес од 10 до 15 години. Родителите бараат зголемување на капацитетите на судот и приоритетно постапување без одложувања, како и транспарентност на процесот.

– „Правдата не смее да се влече. Ќе бидеме тука додека не почне судењето,“ порачаа семејствата на настраданите на 26-тиот „Марш за ангелите“, што се одржа вчера.



Слични Објави