ПРОСВЕТНИОТ ИНСПЕКТОР ИЛИЕВСКИ СЕ ПОЖАЛИ И ВО МИСИЈАТА НА ЕУ ВО СКОПЈЕ
Просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски, кој беше деградиран на пониска позиција, откако откри дека тројца функционери на ДУИ незаконски биле унапредени и добивале пари за интелектуални услуги од тетовскиот универзтиет, утрово бил на разговор во Мисијата на Европската унија во Скопје, јавува Макфакс.
Илиевски за колегите од „Макфакс“ изјавил дека разговарал со раководителот на секторот за образование во ЕУ Инфо центарот. Илиевски ја објаснил состојбата и го информирал раководителот дека не е европска пракса за време на мирување на функцијата, нејзиниот носител да добива пари за интелектуални услуги и да биде научно унапредуван.
