ДУЕЛ БОГОЈЕСКИ-ПЕРЕВ ВО ДВЕ РУНДИ

Прва рунда:

Сајтот „Политика“ што е близок до политичарот и лидер на „Македонски концепт“ Петар Богојески објави документи од досието на Владимир Перев во УБК. Во материјалот насловен „СКАНДАЛ: Бугараши и удбаши (список од ВМРО ДПМНЕ) заедно против Македонски концепт!“ се изнесува тезата дека Перев заедно со Иванка Василевска Дамовска здружено го напаѓаат Богојески инспирирани од своите ментори Христијан Мицкоски и Красимир Каракачанов со цел да го уништат „Македонски концепт“ заради неговата борба за зачувување на македонската посебност. Повеќе за целата приказна можете да прочитате во самиот напис.

Втора рунда:

Од своја страна Владимир Перев обелодени неколку фотографии со објаснувања под нив кои што ви ги презентираме во моментот.

Фотографија бр. 1: Георги Лебамов, Добри Величковски и свидетелот Владимир Перев, кога Добри и Георги потпишуваат спогодба за меѓусебна соработка во однос на досијеата.

Фотографија бр 2: Владимир Перев и Теодор Димитров, главниот архивар на Друштвото на народите во Женева, на прошетка низ објектот, после размена на документи.

Фотографија бр 3: Владимир Перев, Владо Ралев, бизнисмен од Македонија и Швајвцарија, Љубица Ачевска, американскиот амбасадор во Македонија, Кристофер Хил.

Фотографија бр 4: Владимир Перев и Џин Киркаптрик, претставник на САД во ООН.

Фотографија бр 5: Владимир Перев и проф. д-р Христо Огњанов, политички емигрант од Бугарија, писател, поет и главен уредник на Радио Слободна Европа.

Се поставуваат прашањата: Кој кого овде шпиунира? Кој е чија мета и кој е стрелецот? Кој стои зад сето ова, кој е режисерот…ние сакаме тоа да биде Перев :).

Како ќе заврши дуелот на Перев со Богојески останува да видиме. Секако како медиум остануваме отворени и расположени за соработка, ако посакаат нивната „војна“ да ја пренесат на порталот „Трибуна“.

Му посакуваме успех на Петар Богојески во зачувувањето на македонската посебност и секако на Владимир Перев во шпионирањето.