| |

ТРАМП: ЈАС И ПРВАТА ДАМА СМЕ ПОЗИТИВНИ НА COVID-19

Претседателот на САД, Доналд Трамп, преку објава на Твитер соопшти дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на Kовид-19.

„Вечерва, првата дама и јас бевме тестирани за Ковид-19 и сме позитивни. Веднаш ќе започнеме процес на карантин и закрепнување. Заедно ќе го поминеме ова”, објави Трамп (74) на Твитер.

Претходно Трамп потврди дека неговата советничка Хоуп Хикс е позитивна на коронавирус.

Трамп, кој редовно се тестира, имаше напорен распоред на патувања низ САД во последните неколку недели одржувајќи митинзи со илјадници луѓе пред претседателските избори на 3 ноември, и покрај предупредувањата од здравствените работници.

Фото: www.theweek.co.uk



Слични Објави