| |

Раст на туристите во Софија за 10% во првите девет месеци од 2025 година-расте и бројот на туристите од Северна Македонија

Во периодот од јануари до септември 2025 година, бројот на туристите во Софија е зголемен за 10 проценти во споредба со истиот период минатата година, соопштува општинското претпријатие „Туризам“ на бугарскиот главен град. Според податоците, главниот град на Бугарија го посетиле повеќе од 1 милион туристи, јавува Webcafe.

Според Единствениот систем за туристички информации (ЕСТИ) на Министерството за туризам, 63 проценти од посетителите се странци, додека останатите се бугарски државјани. Најчесто се избира сместување во хотели со 3, 4 и 5 ѕвезди, кои сочинуваат 77 проценти од сите ноќевања. Околу 13 проценти од посетителите престојувале во објекти од типот AirBnB.

Просечното времетраење на престојот на туристите во Софија е 2,2 дена.

Најмногу посети во бугарската престолнина генерираат туристи од: Италија, Грција, Израел, Турција, Германија, Обединетото Кралство, Шпанија, Романија, САД и Франција. Зголемување од 15 до 18 проценти е забележано и кај туристите од балканските земји – Турција, Романија, Грција и Северна Македонија.



Слични Објави