КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА НЕЛГАЛНО ГРАДЕЊЕ ВО ЧАИР

Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.М (34) од Скопје поради сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“.

loading...

Имено, пријавениот во текот на септември годинава, како физичко лице во својство на инвеститор, започнал градежни активности на катастарска парцела во Чаир, на парцела со вкупна површина од 11.042 м2, на која е сосопственик пријавениот со уште неколку други физички лица и Република Северна Македонија.

Градежните работи кои што се состоеле од поставување на ограда, пополнување со земја на поголем дел од парцелата и поставување на монтажен објект, пријавениот ги извршил без да обезбеди Одобрение за градење од надлежниот орган, со што го сторил кривичното дело.



loading...