|

Костовски: Бутел добива 2 нови мега паркови 

Актуелниот градоначалник на општина Бутел и кандидат на претстојните локални избори од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, денес ја најави изградбата на два нови мега паркови кои, како што истакна, ќе претставуваат нова зелена оаза и белег на урбан развој во општината.

„Во следниот мандат ќе изградиме два нови мега паркови. Едниот ќе биде во населеното место Радишани, поточно во близина на третиот влез, а вториот ќе го изградиме во населеното место Бутел 1, покрај булеварот Христијан Тодоровски Карпош,“ изјави Костовски.

Двата паркови, според градоначалникот, ќе се простираат на вкупна површина од 30.000 квадратни метри, со што општина Бутел ќе добие значително поголем зелен простор за рекреација, спорт и семејни активности.

„Со овие инвестиции создадеме нови зелени зони и современи јавни простори за нашите сограѓани. Бутел ќе стане пример за уредена и здрава урбана средина,“ нагласи Костовски.

Оваа иницијатива е дел од програмата на Костовски за одржлив развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места на територијата на општина Бутел.



Слични Објави