|

Полициски службеници спасија лице во Куманово при обид за самоубиство

Денеска, на 21 октомври 2025 година, околу 10:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово, заедно со екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово, спречија обид за самоубиство на 34-годишно лице од кумановско.

Според информациите на полицијата, по добиена пријава дека лице се обидува да се фрли од „Искрин мост“ во Куманово, екипите веднаш излегле на терен. Со брза и координирана интервенција, службениците успеале да го убедат лицето да се откаже од намерата и да се повлече на безбедно.

По успешната акција, лицето било пренесено во Општата болница Куманово, каде му е укажана соодветна лекарска помош.

Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните кои се соочуваат со психолошки или емотивни тешкотии да побараат стручна помош и поддршка, а околината да реагира навремено и одговорно при забележување на вакви ситуации.



Слични Објави