Здружението на Украинците во РСМ „Лесја Украинка“повикува на протест на 6 март 2022 година
Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ ги повикува сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот марш, кој ќе се одржи на 6 март 2022 година (недела) Собир кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија во 14.00 часот.