|

Тетовчанец приведен поради онлајн закани кон жена и партиски функционери

Основното јавно обвинителство во Тетово отвори постапка против 49-годишен жител на градот, по кривична пријава поднесена од СВР Тетово, поради сомнение дека извршил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ согласно член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Според обвинителството, на 28 октомври осомничениот преку профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кои упатил отворени закани со убиство и други тешки кривични дела кон една жена, како и кон функционери и поддржувачи на една политичка партија. Објавата, како што се наведува, имала навредлива, омаловажувачка и заканувачка содржина, со што кај оштетената предизвикала чувство на страв и вознемиреност.

Јавниот обвинител, земајќи ги предвид околностите на случајот, до судија на претходна постапка при Основниот суд Тетово доставил предлог за определување притвор. Судот го прифатил предлогот и му изрекол мерка притвор на осомничениот.



Слични Објави