| |

ПОВТОРНО СЀ СЕ ЗАТВОРА ВО ГРЦИЈА

Од утре, недела 3 јануари во 6 часот наутро, до 6 часот наутро во понеделник на 11 декември, повторно остануваме дома, бидејќи се одложува работата на сите активности и услуги што постепено беа дозволени пред Божиќ, соопшти претпладнево портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас и истакна дека целата на превентивните мерки е подобрување на епидемиолошката слика во земјата за од 11 јануари да се отворат училиштата.

Поконкретно, повторно се затвораат фризерските салони и берберниците, салоните за нега на нокти, центрите за технички преглед на возила, книжарниците и прекинува да функционира услугата  „click away”, односно подигање нарачка од продавниците, што практично значи дека Грција повторно се враќа на целосен карантин.

Според истите информации, на крајот од втората седмица на јануари, одново ќе се оцени епидемиолошката состојба во земјата и Владата ќе излезе со нови соопштенија за останатите сектори на општествената и економската активност.

Од 7 ноември 2020 година, Грција е во карантин, што на два пати беше продолжен и требаше да трае до 7 јануари.

Слични Објави