Народниот правобранител ќе дежура на денот на изборите – бесплатна линија за пријавување на прекршувања
На денот на вториот круг од локалните избори, во недела (2 ноември), од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 во канцеларијата на Народниот правобранител. Граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Покрај главната канцеларија во Скопје, отворени ќе бидат и подрачните канцеларии во Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица и Тетово, со цел да се обезбеди помош и заштита на избирачките права на граѓаните.
Освен бесплатната линија, граѓаните ќе можат да се јават и на следните броеви:
- Тетово: 044 344-082
- Кичево: 045 228-586
- Битола: 047 242-310
- Куманово: 031 431-488
- Струмица: 034 329-996
- Штип: 032 389-700
Од институцијата информираат дека ќе преземат итни мерки за ефективно постапување од надлежните органи и институции за заштита на уставно загарантираните избирачки права.
Народниот правобранител потсетува дека избирачкото право е еднакво, општо, непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Никој не смее да биде повикан на одговорност заради користење на ова право, а секоја повреда на слободата на определување и други изборни злоупотреби се казниви.
Воедно, се упатува апел до сите учесници во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи за гласање.

