|

Арсовска: Денес сум на суд со вториот насилник – институциите мора да обезбедат заштита

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денес присуствува на судско рочиште против, како што вели, „вториот насилник“ кој, според неа, на 11 јули 2025 година ја нападнал при извршување службени активности во Општина Чаир.

„Денес сум на суд со вториот насилник кој на 11.07.2025 година ме нападна вербално, а при обидот за физички напад беше спречен и задржан од полицијата“, напиша Арсовска на својата официјална Фејсбук страница.

Таа тврди дека лицето има криминално досие:
„Насилникот има долга листа на сторени сериозни кривични дела и одлежано повеќе години ефективно казна затвор за истите. Системот им дозволува да напаѓаат, да вршат насилство и да убиваат, затоа шетаат слободно.“

Нападот, според Арсовска, се случил при увид за дивоградба спроти полициската станица Чаир:
„На 11 јули бев физички нападната во Општина Чаир, при увид на терен, на локација каде се гради дивоградба.“

Арсовска посочува дека насилството предизвикало последици по нејзината безбедност и чувство на сигурност:
„Со ова грубо насилство предизвика телесна повреда и чувство на несигурност, загрозување и страв не само кај мене туку и во јавноста… Министерството за внатрешни работи конечно на 12 јули формално ми додели 24-часовна заштитa.“

Според неа, Основниот кривичен суд Скопје на 2 септември 2025 година го осудил обвинетиот Сулејман Љамалари на две години затвор за насилство:
„Основен кривичен суд Скопје на 02.09.2025 година ја донесе и јавно ја објави пресудата… по што му изрече казна затвор во траење од 2 (две) години.“

Арсовска додава дека обвинетиот не покажал каење:
„Љамалари не покажа ни трошка каење за стореното, со својот однос континуирано се исмеваше со судот и јавноста. Ќе видиме како ќе биде денес.“



Слични Објави