Наградени полицајците кои спасија дете од балкон во Јамбол
Полицајците кои учествуваа во спасувањето на малото дете од балкон во Јамбол денеска беа наградени за нивниот професионализам и брза реакција, пренесе БГНЕС.
Инцидентот се случи во средата, кога полицајци спречија тежок настан со малолетно дете кое висело од парапет.
Во акцијата учествуваа помладиот инспектор Мартин Петров и неговите колеги Ивајло Димитров, Иван Топалов, Милена Андреева и Петар Облаков од Полициската управа во Јамбол.
