Бугарија поддржува дипломатско решение за Ормускиот теснец, без учество во воени активности
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Надежда Нејнски, потврди дека бугарската држава ја поддржува иницијативата за повторно отворање на Ормускиот теснец за слободно бродско сообраќање, но нема да учествува во воени активности.
„Бугарија целосно ги поддржува сите напори за отворање на Ормускиот теснец за слободна пловидба, но нема да поддржува и да учествува во какви било воени активности за постигнување на оваа цел“, изјави Нејнски за БНТ.
Бугарија зеде учество во разговорите на покана на британскиот премиер, упатена до 35 држави, со цел изнаоѓање решение за проблемите со бродскиот сообраќај во теснецот, потврдија од Министерството за надворешни работи.

