|

(Видео) Десет пријави за нарушување на изборниот молк, едно лице приведено во Шуто Оризари

Во периодот на изборниот молк, од 01 ноември до 07:00 часот на 02 ноември 2025 година, регистрирани се 10 пријави за нарушување на изборниот молк, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, по три пријави се евидентирани на подрачјата на СВР Скопје и СВР Охрид, две на подрачје на СВР Штип, и по една пријава на териториите на СВР Тетово и СВР Битола. По преземените мерки, шест од пријавите не се потврдени.

Покрај тоа, регистрирани се 19 објави на социјалните мрежи кои се однесувале на повици за гласање за одредени кандидати, како и видеа и фотографии од партиски активности во штабови, што претставува прекршување на изборниот молк.

На 01 ноември, во основното училиште „26 Јули“ во Шуто Оризари, регистриран е инцидент при кој едно лице фотографирало кочан со гласачки ливчиња. Лицето е приведено, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

МВР информира дека гласањето на болни и изнемоштени лица, како и на затвореници, поминало мирно и без нарушувања на изборниот процес на сите подрачја.

Слични Објави