(Видео) Експерт: Влезот во еврозоната ќе ја направи Бугарија повидлива за инвеститорите
По влегувањето на Бугарија во еврозоната, земјата автоматски ќе се појави на картата на институционалните инвеститори. Можно е да има краток емоционален подем, но долгорочното движење ќе зависи исклучиво од состојбата на економијата. Доколку економијата расте, ќе расте и пазарот. Ова го изјави Аудриус Гуданавичус, извршен директор во секторот за недвижности во Литвaнија во интервју за Евроњуз Бугарија.
Според него, умерено поскапување на одредени производи и услуги е неизбежно, но не треба да се очекуваат драматични промени. „Можеби чашата кафе ќе стане двојно поскапа, но поголемите работи ќе останат речиси исти. Ќе има одредени заокружувања на цените, но тоа нема да предизика шок“, објаснува Гуданавичус.
Тој нагласува дека постепениот раст е најздравата форма на развој: „Подобро е кога работите се движат напред не премногу брзо, туку чекор по чекор. Така пазарот е постабилен.“

