Напаѓачите го напуштиле манастирот Бањска, таму се сега припадниците на ЕУЛЕКС и косовската полиција
Вооружените напаѓачи го нашуштиле манастирот Бањска и состојбата моментално е мирна, соопштија од Рашко-призренската епархија од каде велат дека поради денешните случувања сѐ уште се чувствува страв и во околината и во самиот манастир, јавува Слободен печат.
Вооружените лица кои денеска ја пробија капијата го напуштија манастирот, а во моментов е забележано присуство на косовската полиција и ЕУЛЕКС пред влезната капија и во дворот на манастирот. Во конакот на манастирот сè уште е игуменот со неговите браќа, како и група верници од Нови Сад, меѓу кои има и две малолетни деца. Од управата на манастирот известуваат дека засега сите се добро, дека во параклисот на манастирот се одржуваат редовни богослужби, со надеж дека оваа драма ќе заврши што поскоро соопштуваат од епархијата.