ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА КУМАНОВО АПЕЛИРА СЕМЕЈСТВАТА НА КОРИСНИЦИТЕ ДА ОДБЕГНУВААТ ПОСЕТИ
Надлежните од кумановскиот Дом за стари лица „Зафир Сајто“, денеска апелираа до семејствата на нивните корисници да ги одбегнуваат посетите, како дел од мерките за спречување и ширење од коронавирусот.
Оттаму информираат дека досега e извршена дезинфекција на целиот простор и постојано се презмаат заштитини мерки за корисниците. Од домот ги повикаа семејствата на корисниците да се информираат на дежурниот телефон и по електронска пошта и на овој начин да придонесат за заштита на своето и здравјето на нивните блиски. Надлежните велат дека се следат сите насоки и препораки од Владата, и ресорното Министерство.
Во моментов во установата се згрижени околу 160-тина лица.
